СКСЗМ ДО ВЛАДАТА: НОВИОТ АНТИКРИЗЕН ПАКЕТ ДА СЕ НАСОЧИ КОН ЛИКВИДНОСТА НА ФИРМИТЕ

Стопанска комора на северозападна Македонија ќе достави до Владата листа на барања во однос на Петтиот пакет антикризни мерки, предупредувајќи ја дека за време на првите шест месеци од минатата година, поточно во време на пандемијата, згаснале над четири илјади фирми. Од Комората велат дека новиот антикризен пакет треба да се насочи кон ликвидноста на фирмите за да опстанат по завршувањето на пандемијата и ја повикаа Влдата директно на сметка на вработените да се уплатат платите како дел од поддршката за стопанството.

loading...

Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) бара од Владата да се отворат делумно затворените сектори како туризмот и да се донесат протоколи според СЗО за нивно непречено работење, потоа да продолжат субвенциите на плати од 14.500 денари најмлаку до март, да се зголеми фондот на Развојната банка за кредити со ниски камати, увозот на суровини да биде со нула отсто акциза, да се предвидат финансиски средства за компании кои вложуваат во дигитализација, да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените комапнии и да се поништат сите одлуки за мораториум на деталните урбанаистички планови во општините со кои се спречуваат градежните инвестиции вредни над 500 милиони евра.

Според СКСЗМ, за да се врати економијата на нормална траекторијата Владата треба да се фоскуира, пред сѐ, на вакцинацијата, но и на реализирање на капиталните расходи од минимум 85 отсто.
Како што истакна претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, 2020 година е заокружена со рецесија од минус четири отсто што е најголем економски пад во земјава од нејзиното постоење.

„Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци, повеќето микро и мали, а околу 40.000 работни места се изгубени. Сега пак, се соочуваме и со намален квалитет на живот поради поскапаувањето и зголемувањето на потрошувачката кошница која достигна 550 евра”, нагласи Хоџа и оцени дека ликвидноста на компаниите е најважна, поради што, петиот пакет треба да биде насочен во овој правец, посебно за помош на микро и малите компании кои се најпогодени од кризата.

Хоџа ја повика Владата да се фокусира на што побрза и масовна вакцинација за да може економијата да заздрави и да биде во чекор со земјите од регионот.


loading...

„Потребна е реализација на капитални расходи од минимум 85 отсто , основање посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори – производство, градежништво, трговија на големо, намалување на царинските стапки, отстранување на нетарифините бариери кои ја попречуваат трговската размена со соседните земји, потикнување на извозот преку поддршка производителите и нивна промоција преку дипломатските мисии, транспарентност на расходот на буџетските средства за борбата провид корона пандемијата”, рече претседателот на СКСЗМ.

Хоџа посебно апелира Владата да обезбеди протоколи за работа на компаниите од туризмот, за тие да обезбедат ликвидност и да ги зачуваат работните места чиј број изнесува над 30 илјади. Тој побара владината поддршка преку плати за вработените да се однесува и за месец јануари.

„Парите треба да им се исплатат директно на вработените, за да нема злоупотреба. Тие плати им следуваат за да ги покријат своите трошоци, а не да се злоупотребат од работодавачот”, рече претседателот на Комората.

Тој најави дека ќе се извршат консултации и со другите стопански комори по однос на новиот владин антиркизен пакет.