| |

ЗАТВОРЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО КУМАНОВО, НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОВИД- 19

Еден угостителски објект е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава откако било утврдено дека локалот работел по дозволеното работно време.

Како што се наведува од полицијата:

На 13.01.2021 во 19.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улица „11 Ноември“ во Куманово. При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти и не се придржува на одлуката донесена од Владата. Притоа, во објектот биле затекнати девет лица – гости и сопственикот Ф.Р.(30) од Куманово. Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Слични Објави