| |

Куберов воин: Бугарскиот владин авион патува кон Скопје за да го донесе Христијан во Софија

Бугарскиот владин авион Спартан лета кон Охрид за да го транспортира Христијан Пендиков во Софија. Претепаниот Пендиков ќе биде придружуван од неговото семејство, објави еден од организаторите на утрешниот протест во поддршка на Христијан што ќе се одржи во Софија.

Од организацијата Куберов воин изразуваат благодарност до претседателот Румен Радев , вицепремиерот Иван Демерџиев, пратениците Елисавета Белобрадова и Димо Дренчев, европратеникот Ангел Џамбаски, поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов и сите кои помогнале тоа да се случи, стои во соопштението на Куберов воин.



Слични Објави