СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ПОРАНЕШНА ГРАДСКА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ, ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА

//

Едно лице почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера кај поранешна градска болница во Скопје.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од Б.М.(37) од Скопје и „шкода октавија“ управувана од Ј.В.(50) од Скопје.



По незгодата, кај сопатникот во „мерцедесот“ Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во болницата „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди.

Претходна статија

(ВИДЕО) КОСТОВСКИ: ЗАЕВ СЕКОЈ МЕСЕЦ ГИ ПЛАЌАЛ СИНОТ НА САМКА И СЕКРЕТАРКАТА НА РАШКОВСКИ

Следна статија

ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА САШО МИЈАЛКОВ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРЕЗОР“

Најново од Вести