Тешка сообраќајна несреќа во Бугарија на камион со македонски регистарски ознаки, загинал возачот
Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“ пренесува ТВ21.
Според првичните информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало.
Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема.
Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до судирот дошло додека се обидувал повторно да се приклучи во движење.
Извор ТВ21