| |

ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА САШО МИЈАЛКОВ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРЕЗОР“

Денеска се донесоа пресуди за обвинетите во случајот „Трезор“, за незаконска набавка на британската прислушна опрема за УБК.

Во „Трезор” првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Судијката Женета Бегтовиќ ги прогласи за виновни, и ги изнесе следните пресуди:

– Сашо Мијалков за наведените кривични дела го осудува на единствена казна затвор во траење од 8 години

-Горан Грујевски на единствена казна затвор во траење од 15 години

-Небојша Стајковиќ осуден на казна затвор во траење од 5 години

-Тони Јакимовски на единствена казна затвор во траење од 5 години.

Слични Објави