СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот, очигледно не му кажале какви се процедурите за оставки и разрешувања

/

Владејачката СДСМ се огласи со соопштение по повод прес конференцијата на Христијан Мицкоски, на која најави дека доколку Филипче не поднесе оставка во Собранието до вторник, тие ќе поднесат иницијатива за негово разрешување. Од СДСМ велат дека Мицкоски со ова покажал дека не го познава Уставот и дека никој од неговата партија, како што велат, немаат поим од право и од политика.

-Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право. Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.

Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница.



На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите, велат од СДСМ.

Претходна статија

(Видео) Попиши се како Бугарин на пописот во РС Македонија

Следна статија

Во Македонија 464 нови случаи на коронавирус, 23 лица починаа

Најново од Вести