Европратеникот од редовите на ЕНП, д-р Андреј Ковачев, за кого проруската партија „Единствена Македонија“ бара да биде прогласен за непожелна личност во Македонија, објави самокритичен пост во врска со последните случувања околу изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за Македонија и Тито.
„Толку е тажно!
Ние со право го критикуваме Скопје за Тито, а за монструозниот престап на Георги Димитров, малку знаеме и по инерција си ги затвораме очите, за тоа дека се уште стотици нешта во Бугарија го носат неговото име “, напиша Ковачев на неговиот fb профил.


