ШЕКЕРИНСКА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО 18 КОЛЕГИ ОД НАТО
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го потпиша Меморандумот за разбирање со кој Македонија се приклучува кон „Smart Defence“ иницијативата за муниција за копнено војување.
Меморандумот за разбирање министерката Шекеринска го потпиша заедно со 17 министри за одбрана од земји-членки на НАТО, и со својот колега од Финска, партнер на НАТО.
Покрај Белгија, како водечка во оваа иницијатива, меѓу потписниците на Меморандумот се Германија, Франција, Данска, Шпанија, Норвешка, Австрија, а од регионот – Словенија и Црна Гора.
Меморандумот за разбирање воспоставува рамка која обезбедува групирање на националните краткорочни и долгорочни планови за набавки на муниција за копнено војување. Иницијативата за муниција за копнено војување обезбедува подобра интероперабилност на декларираните единици на Армијата на Република Македонија, особено лесната пешадиска баталјонска група.