ФИЛИПЧЕ: ИЗЛЕКУВАНИ 200 ПАЦИЕНТИ, ДОБРИТЕ ВЕСТИ СЕ ПРЕДВЕСНИК ДЕКА ОВОЈ ТЕЖОК ПЕРИОД ИМА КРАЈ
„Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста“, напиша на својата официјална facebook страна, министерот за здравство, Венко Филипче.


