ЈАКИМОВСКИ НА РАСПИТ ВО КРИВИЧЕН СУД

//

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, по извршениот претрес во неколку објекти на неговото семејство од страна на Финансиската полиција, ноќеска е однесен на распит кај судија на претходно постапка во Кривичниот суд. Од Судот засега нема официјални информации за епилогот од  распитот. Нема потврда ниту за информацијата што ја објавија дел од медиумите, дека е побаран притвор за Јакимовски. Финансиската полиција вчера попладне изврши претрес во неколку објекти на семејството Јакимовски. Од Финансиската полицијата најавија дека денеска ќе соопштаат повеќе информации за акцијата. Јакимовски, пак, во изјава за медиумите рече дека станува збор за техничка грешка на општинските служби, а ова е политичка одмазад против него.





Претходна статија

ВМРО: МИЦКОСКИ ГОСТИН НА ТУРНИРОТ ВО ВЕЛГОШТИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.ПЕТКА

Следна статија

СУМЕА РАХИМ: ВО СТАРО ТУРСКО ВРЕМЕ СЕ ВЕЛЕШЕ ДЕКА РУШВЕТОТ Е ГЛАВЕН, А ВО ДЕНЕШНО ВРЕМЕ ПОСТОЈАТ МНОГУ ПОЧУДНИ РАБОТИ ОД РУШВЕТ

Најново од Вести