| |

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ!

Општина Аеродром објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди. Јавниот повик ќе трае до 9 октомври 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

– Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 9 октомври, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход – информираат од општината.

Целта на овој проект е да се поттикнат граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина.

Слични Објави