| |

WALK FREE: ВО МАКЕДОНИЈА 18.000 ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО СОВРЕМЕНО РОПСТВО

Во Македонија во услови на современо ропство живеат околу 18 илјади лица или осуммина од илјада македонски државјани се робови, покажува Глобалниот Индекс за ропство 2018, изработен од Обединетите нации и Фондацијата Вок фри (Walk Free), јавува порталот НоваТв.

Македонија се наоѓа на трето место на листата земји од Европа и централна Азија според овој показател. Во оваа група пред нас се само Туркменистан и Белорусија, а најдобро рангиран е Луксембург, каде само 1,5 од 1000 лица се роб0ви.

Што се однесува на одговорот на Владата во однос на овој проблем, македонската е оценета со БББ.

Резултатите од извештајот на светско ниво, покажува дека повеќе од 40 милиони во моментов живеат во некој вид ропство, а најмногу во Азија и Африка. Но луѓе во ропство живеат во делови на светот каде тоа не би се очекувало, како што се САД, каде во услови на ропство живеат околу 400 илјади луѓе.



Слични Објави