Денови на балканската култура, традиција и уметност во Охрид

//

Четвртото издание на фестивалот „Денови на балканската култура, фолклор и традиција“ се одржа во Охрид на 21.06 2021 година. И покрај сложената ситуација заради пандемијата на Ковид-19 и оваа година на летната сцена „Долни Сарај“ се претставија девет групи со повеќе од 100 учесници од Бугарија, Република Северна Македонија и Албанија.

Фестивалот беше отворен од н. е. Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, којшто ги поздрави сите гости учесници од името на Министерот за надворешни работи Светлан Стоев и во својот говор ја подвлече важноста на фолклорот како мост за зближување и подобро взаемно запознавање.

Поздравен говор од името на Министерот за култура на Република Бугарија проф. Велислав Минеков одржа директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Антонија Велева.
За прв пат во составот на жирито што ги оценуваше учесниците на фестивалот беше дел и директорката на Државниот културен институт на Министерството за надворешни работи Р.Бугарија, г-ѓа Снежана Јовева.

Културниот настан е во организација на Здружението за култура и уметност „Артвивенди“ од Охрид и е дел од проектот „Зачувување на нематеријалното културно наследство во сферата на културата и фолклорот на Балканот“ финансиран со средства од Официјалната помош за развој на Република Бугарија и во соработка со бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.



На фестивалот зедоа учество следните фолклорни групи и културно уметнички друштва:

Фолклорен ансамбл „Љупчо Сантов“ Оризари Република Северна Македонија, Тракијски ансамбл „Здравец“, ДПГ „Изворче“ НЧ „Христо Ботев 1897“ село Б’лгарски извор со раководител Валентина Василева. Денс Плус Елбасан – Албанија, Клуб за фолклорни ора кон Домот на културата „Средец“, Фолклорна група „Васиљово“ НЧ „Христо. Ботев“ 1941 со раководител: Петранка Недјалкова, ДТС „П’стра броеница“ село Б’лгарски извор, со раководител Викторија Стефанова, КУД Шпреса – Албанија, СТФ „Ева“ кон МТШ „Стефанови“со раководител Викторија Стефанова. Мала концертна група кон ТА „Здравец“ и КУД „Мирче Ацев“.

Претходна статија

Џафери ќе ги распише локалните избори на крајот на јули или почетокот на август

Следна статија

Рама ем вицкаст, ем запознаен со ставовите на македонските преродбеници и револуционери за Западна Бугарија

Најново од Вести