Илјадници пластични шишиња пловат во реката Вардар
Кратка видео снимка од енормното загадување на реката Вардар објави тетовскиот портал Тетово инфо.
Буквално илјадници пластични шишиња пловат во реката кај тетовското село Копанце. Нивото на реката Вардар е подигнато од силниот дожд кој паѓаше изминативе денови. Надојдената вода го повлекува ѓубрето од десетиците диви депонии покрај брегот на реката од нејзиниот извор во Гостиварско до местото на кое е направена снимката.

