КОНЕВСКИ И ШВРГОВСКИ НЕ ЗНААТ КАДЕ Е МИЈАЛКОВ

Поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски за Фокус изјавил дека нема информации за тоа каде се наоѓа поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е недостапен за да го прими решението со кое мерките за претпазливост му се заменуваат со домашен притвор до изрекување на првостепената пресуда во предметот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

loading...

Од Фокус јавуваат дека и поранешниот републички јавен обвинител, Љупчо Шврговски, кој е еден од правните застапници на Мијалков, нема информации каде се наоѓа и што се случува со неговиот клиент и воедно пријател.


loading...