ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО ОУ “AЦО ШОПОВ” ВО РАДИШАНИ
Никогаш не ги игнорирајте индивидуалните посебности на децата, во нив се кријат силни таленти на кои ќе бидете горди кога ќе ги откриете. Драго ми е што денеска присуствував на првиот училишен ден на првачињата од ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани, општина Бутел.
Овој ден денеска е посебен, ден што ќе го паметат целиот живот. Зашто од денеска натаму, многу од тие најважни работи во животот ќе им се случуваат токму во училиштето. Мили деца, почитувани и среќни родители почитувани наставници нека ви е честит првиот училишен ден. Нека биде само прв од низата успешни кои ќе ви донесат радост во вашите семејства, во вашето училиште, во вашите кариери, изјави Заев.