| |

ВМРО ДПМНЕ : ЗАЕВ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ПРЕД УЧЕНИЦИ, НА ПОЧЕТОКОТ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА ГИ ОСТАВИ БЕЗ УЧЕБНИЦИ

Зоран Заев го интересира само кражбата на народните пари и нема кредибилитет да се појави пред учениците и наставниот кадар во државата. Тој е човекот кој остави илјадници ученици без книги, а спроведува сомнителен договор во четири очи преку МОН.

Профитот за оваа власт е поважен од иднината на генерации ученици.

Наместо почеток на учебната година учениците  да го почнат спремни со сите потребни средства за учење тие се ускратени лично од Заев.

Заев е и човекот кој  со капитулантскиот договор со Грција за промена на името прифати формирање на комисија за ревидирање на македонската култура, археологија и историја, со што и даде алатка на Грција за кочење на нашиот евроинтегративен процес  кога и да посака, но и се обврзува  на промена на учебници.

Владата на чие  чело седи Заев повеќе од една година нема направено ништо за учениците, ветувањата за подобри услови и големи инвестиции во образованието останаа само мртво слово на хартија.

Ветуваа изградба на средни училишта во Тетово, Аеродром, Арачиново и Ново  Село во првите 6 месеци од преземањето на власта, а поминаа 15 месеци, ова не е ни на повидок.

Ветуваа намалување на бројот на ученици по паралелка од 25 ученици.

Ветуваа реконструкции и опремување на училишта, но ништо од тоа не е случај. СДСМ повеќе од една година прерасна во вистинска катастрофа за образованието. Условите не само што не се подобрено, туку се влошени. Токму затоа  СДСМ  и Заев   мора да си одат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.



Слични Објави