Во автобусот пронјадени 44 жртви, еден патник веројатно патувал во друг автобус

/

Во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупови од жртви, соопштија бугарските истражни органи. Тие велат дека добиле информација оти во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица. За нив, останува нејасно каде е уште едниот патник што бил регистриран дека е во автобусот. Според заменикот на главниот бугарски обвинител, се претпоставува дека еден патник се одлучил да патува со друг автобус на „Беса транс“, кој исто така бил на турата во Турција.

„Сите настрадани, според лекарите, се во добра состојба, но во тешка психичка состојба. Бев со главниот обвинител на Македонија на местото на несреќата, ги видов телата. Тоа засекогаш ќе биде врежано од мојата меморија. Беше страшно. Кога ги посетив во болницата, еден бараше да оди во тоалет, еден да зборува со мајка си, другиот го бараше синот, кој останал во автобусот. Најдовме 44 трупа, во болница се 7 лица. Имаме информација дека патувале 52 патници. Останува голема дилемата каде е осмото лице? Работиме на таа верзија. Можеби станува збор и за лоша меморија на сведоците“, изјавила главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева, која е дел од тимот што ја истражува несреќата“.

Пред тешкиот инцидент имало 20 минутна пауза на бензинска станица. Се претпоставува дека еден патник се качил во друг автобус, но тоа не е докажано. Поради тоа, се проверуваат и снимките од надзорните камери, каде што имало пауза за патниците. За кој патник станува збор, ќе се проверува откога македонските власти ќе направат проверка кои патници влегле во Македонија.



Извор: Темите

Претходна статија

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола е дипломиран машински инженер и искусен, докажан кадар

Следна статија

Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Најново од Вести