СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола е дипломиран машински инженер и искусен, докажан кадар

/

„ВМРО-ДПМНЕ партијата која како власт го урниса енергетскиот сектор а цената на струјата ја зголеми за 100 отсто денес како опозиција омаловажува искусни кадри кои се посветени на надминување на предизвиците во енергетиката.

Како што објави и АД ЕСМ новиот директор на РЕК Битола е искусен, докажан кадар, кој досега ја извршувал функцијата директор на Термоелектрана, а претходно бил координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност.

Станува збор за човек кој е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси, кој претходно работел во приватниот сектор и тоа токму во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога професионалните кадри беа маргинализирани само затоа што не беа членови на ВМРО-ДПМНЕ и дел од режимот.

Срамно и ниски се обидите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски за омаловажување на високо образовани лица кои дават свој придонес во општеството.



Со тоа се покажува дека оваа партија дека не е излезена од режимската матрица на напади и омаловажувања на секој кој не мисли како нив“.

Соопштение на СДСМ

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Во период пред ризик од рестрикции на струја Заев за директор на РЕК поставува хармоникаш

Следна статија

Во автобусот пронјадени 44 жртви, еден патник веројатно патувал во друг автобус

Најново од Вести