Како да стигнеме до компромис со РС Македонија

//

Пишува: Силвија Недкова/ Плоштад Славејков

Можеме да се согласиме со терминот Илинденска азбука, бидејќи истата е идентична со официјалната азбука на Бугарија од реформата на Марин Дринов.

Се потешко се разбираме со нашите соседи од РС Македонија. Ние ли пишуваме криво, тие ли криво читаат…Во секој случај ако се вадат заклучоци од нивните ставови, нашите азбуки воопшто немаат ништо заедничко, па најверојатно станува збор за проблем со преводот.

Со новата бугарска Влада се очекува да се возобноват преговорите во однос на бугарската позиција за РС Македонија и нејзиното членство во Европската унија.
Новата влада најверојатно ќе најде нов приод, но има позиции од кои не треба да се отстапува. Најважната од нив е проблемот со јазикот.
Во македонските учебници за основно образование пишува: „Македонскиот јазик има своја сопствена азбука. Развојот на денешната македонска азбука го води својот почеток од глаголицата а потоа замената на глаголицата со кирилицата, и постепениот развој и усовршување на фонетско-граматичката система.
Така од 10-19 век македонскиот јазик ги користи следните азбуки: Глаголица, кирилица, црковно-македонска азбука, илинденска азбука“.



Ако терминот илинденска азбука не ви е познат, немојте да се тревожите. Тој е нов или како што тврди македонската верзија на Википедија: Азбуката е идентична со официјалната азбука на Бугарија од реформата на Марин Дринов од 1878 година до реформата во 1945 година. Со други зборови таа азбука ја знаеме сите- тоа е бугарската азбука.
Многу забавно звучи тврдењето на лингвистите од Скопје дека тоа е писменост „користена од Македонците за различни соопштенија, заповеди, принципи или устави во револуционерниот период“.
Идејата за црковно-македонска азбука е многу егзотична, бидејќи самостојна македонска црква не постои, ниту во средновековието ниту денеска. Во учебниците на РС Македонија пишува уште: „Современата македонска азбука е базирана на кирилицата на Крсте Петков Мисирков, а некои правописни знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ. Крсте Мисирков користи знаци за истите гласови. Најбогат период во однос на развојот на стандардната македонска азбука е периодот на преродбата од средината на 19 век до почетокот на 20-ти. Во овој период голем број на македонски интелектуалци вршат реформи за упростување на македонската илинденска азбука и на ваков начин вршат стандардизирање на македонскиот правопис.“

Во суштина датумот во кој за прв пат се појавува специфичен македонски писмен систем е месецот мај 1945 година. Официјалниот ден на македонскиот јазик не е на 24 мај празникот на Св. Кирил и Методиј, туку 5 мај во чест на датумот кога владата на НР Македонија ја прифаќа азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
Документот со кој што е фиксираната промената не е тајна. Во окружното писмо со печат петокрака и со кое се распоредува на училиштата да предаваат врз база на новата азбука, дури е забележано како треба да отпадне звукот

Буквата за истиот е избришана од азбуката. Така говорот се приближува максимално до српското звучење.
Во сајтот на Министерството за надворешни работи на РС Македонија пишува дека првото училиште на македонски јазик во реонот на Преспа е отворено на 15 ноември 1944 година во село Љубојно и тоа школо е едвај второто македонско училиште во цела Македонија . Пред овој датум во овој регион немало училишта кои ќе предаваат на „древниот“ македонски јазик.
Македонската азбука и македонското образование немаат навршено дури ни еден век. И тоа се гледа од македонските историски извори. Обидите да се негираат бугарските корени на јазикот и писменоста во РС Македонија се борба против вистината.

Претходна статија

Јанев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон РС Македонија

Следна статија

Анатомија на заблудата: и по Тито, Заев

Најново од Истакнато