|

ДЕЛОВИ ОД ИСКАСАПЕН КОЊ ЈА ЗАПРЕА РАБОТАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СТРУМИЦА

Делови од искасапен коњ фрлени во канализациската мрежа, ја запреа работата на Пречистителната станица во Струмица, соопшти струмичкото ЈПКД „Комуналец“.

Остатоците од коњот, кои биле фрлени во шахта од канализациската мрежа, биле пронајдени на влезната груба решетка на станицата.

Настанот е пријавен кај комуналниот инспектор на Општина Струмица, а од комуналното претпријатие апелираат до граѓаните за совесно и поодговорно однесување, посебно во делот на користење на канализационата мрежа.



Слични Објави