| |

(Видео) Русков: Антибугарската реторика на Мицкоски е за внатрешна употреба, ако некој поставува црвени линии тоа ќе биде ЕУ а не Скопје

Реториката на Христијан Мицкоски против Бугарија е „политичка реторика за внатрешна употреба“, коментира во емисијата Euronews Primetime, новинарот од агенцијата БГНЕС Димитар Русков. Според него, барањата на премиерот на РСМ „е нешто што никој нема да му го даде и никогаш нема да го добие“, затоа што „таканаречениот француски предлог нема да биде преговаран повторно“. Тој додаде дека сите европски институции се категорични дека Скопје треба да ги исполни своите обврски од меѓународните договори.

„Не треба да се фаќаме за конкретен збор или позиција на Мицкоски, затоа што тие изјави никогаш не се случајни,“ изјави Русков. Тој посочи дека тие се вклопуваат во стратегијата на македонскиот премиер „за прикривање на вистинските проблеми во Северна Македонија, како што се корупцијата, недостигот на правосудство, кинеското и руското влијание“. Според новинарот, агресивната реторика кон Бугарија треба да се прими „смирено и да се адресира до европските институции, за тие најјасно да знаат со кого имаат работа“.

Русков нагласи дека „режимот на Мицкоски нема вистинска и искрена желба за пристапување кон ЕУ“, што остава празнина која се пополнува со антиевропски влијанија. Тој додаде дека „во Северна Македонија медиумската средина е затруена со помош на режимот на Орбан и на Србија“. Според него, Бугарија треба да задржи мирна и доследна позиција: „Ние сме членка на Европската унија, а Северна Македонија сака да стане. Ако некој ќе поставува црвени линии, тоа ќе биде ЕУ, а не Скопје.“



Слични Објави