| | |

Габриел: Не поставуваме нови услови за РСМ, но сакаме да се исполни компромисот од јули 2022 г.

Бугарија јасно го кажа својот став за прашањето поврзано со Северна Македонија. Не поставуваме нови услови, но сакаме да се исполни компромисот од јули 2022. И потсетувам дека во него има три меѓусебно поврзани моменти: Уставни реформи, Договор за добрососедство и двата протоколи. Така, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел го коментираше прашањето дали ако Северна Македонија не ги вклучи Бугарите во Уставот и од Бугарија се побара нов компромис, Софија е подготвена да го стори тоа, јавува БГНЕС.

Очекувам од Скопје да не се самосаботира, а она што го очекувам е европската интеграција, која е доведена до израз – тоа е големата цел, да не биде изместено со дебата за минатото, туку всушност треба да исцрта пат во иднината, додаде Габриел.

Слични Објави