|

Одбележуваме 122 години од смртта на војводата на ВМOРО Георги Иванов Георгиев познат како Марко Лерински

На 13-ти јуни 1902 г. во леринското село Пътеле во борба со турскиот аскер загинува војводата на ВМОРО Георги Иванов Георгиев, попознат како МАРКО ЛЕРИНСКИ.

Тој е роден 1862 г. во Котел. Во 1883 г. стапува на воена служба во Кнежество Бугарија. Зема учество во Србско-бугарската војна и за пројавена храброст е удостоен со медал и повишен во чин. Неговите другари му го додаваат прекарот Херојски. Во 1895 г. ја напушта армијата и зема учество во четничката акција на Македонскиот комитет, опожарувајќи го Доспат. Во 1900 г. се сврзва со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои што го привлекуваат кон ВМОРО и го испраќат како војвода во Леринско. Во истото време во Македонија влегуваат и Христо Чернопеев, Атанас Бабата, Михаил Апостолов – Попето. Благодарение на воената подготовка на Марко војвода и на организационите способности неговата чета се претвора во школо за подготовка на четници и војводи за целата револуционерна организација. Марко Лерински е првиот, кој што предлага да се дигне сеобшто востание во Македонија и Одринско. Војводата дејствува во Костурско, Воденско, Леринско и Битолско со Гоце Делчев, Пандо Кљашев, Васил Чекаларов и Лазар Поптрајков се’ до неговото загинување. Предаден е од местен гркоман, а погребан е во црквата во леринското село Суровичево.

“Под името Марко војвода котленецот Георги Иванов во летото 1900 г. се појави со пушка в рака меѓу робовите во Леринско. Тој не дојде тогаш со кој знае какви блескави дарби и таленти, ниту пак со амбицијата на човек, кој копнее за слава и знаменитост. И еден ден, без никому да се јави, тој ја слече униформата, се појави во Софија пред одамна негуваниот во неговата душа херој – пред Гоце Делчев – и му побара работа. Работа бараше тој, но работа крупна не за секој обичен човек, работа што ја задоволуваше неговата собрана жар и енергија, достојна за најскапоцената човечка жртва. И тој го најде своето место далеку од бугарската граница, отаде Вардар, се откина совршено од минатото, од домашниот круг, и заживеа нов живот.

Жребката му се падна на Леринско. Тој крај, како и целиот Битолски вилает во тоа време представуваше девствена, уште неначната, почва. Организаторски способности дотогаш не пројавувал, ниту пак имаше пред себе си примери, кои што би му послужиле како раководно начело. При сето тоа после неколку месеци тој успеа да ги надмине сите несовладливи сопки, и поверениот реон, како и неговата чета представуваа нешто за пример. Неговиот реон му се посочуваше како прототип на организиран реон, а четата се претвори во „четно школо”, која што дала организатори и војводи речиси на сите битолски реони. Македоно-одринското ослободително дело брои само неколку дејци во своите редови, кои што ја достигнале пред очите на масата висината на Марко. Неговото име се разнесуваше како легенда од уста на уста, сам тој беше некаков дух – месија, кого што прогледнатиот поробен народ го боготвореше и во чии што проповеди верваше, така како што верваше во Христа.

Од каде ја зеде таа неверојатна сила тој прост, темен подофицер? Наизглед во него недостигаше многу, за да се подигне толку над своите другари и соборци по идеја. Всушност, меѓутоа во него имаше се’, кое што создава херои на велики дела, создатели на епохи, водители и идоли на народните маси. Во него ја немаше онаа заразна и постојана веселост на Делчев, но ја имаше Делчевата вера во себе си и во народот.

Марко загина во с. Пътеле, Леринско сосема не така како тој што мечтаеше – без да го дочака крајот. И можеби подобро… Македонскиот роб од Пелистер до Воден и од Мариовските планини до Костур нема да го заборави човекот-великан, кој што прв ја воскреси во него верата, за да може да прави чуда – тој никогаш нема да го забрави Марко војвода.“

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛИСТ № 3, 1904 г.



Слични Објави