Режимот на Вучиќ е одговорен за пресвртот во позицијата на РС Македонија за изградбата на Коридор 8*
Facebook статус на Елисавета Белобрадова
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Александар Николовски, најави дека ќе се стопираат плановите за изградба на Коридорот 8.
Оваа вест доаѓа помалку од 24 часа откако претставниците на Бугарија и на Република Северна Македонија се договорија во Брисел изградбата на Коридорот 8 да продолжи. На што се должи ова?
Заслугата за категоричниот пресврт во позицијата на Република Северна Македонија е кај режимот на Александар Вучиќ во Србија – според зборовите на српскиот министер за транспорт, кој побрза да се пофали дека го „спречува ова мрачно сценарио“. „Мрачното сценарио“ опишано од министерот Горан Весиќ всушност претставува претпоставка за европската ориентација на земјите од Западен Балкан, кои денес се на раскрсницата меѓу Западот и Русија.
Целта на Паневропскиот транспортен коридор 8 е да ги поврзе Балканот и Централна Азија со Европската Унија во клучните области – транспорт, култура и економија и да обезбеди стабилност и развој на регионот. Коридорот 8 може да биде чекор за приближување на Република Северна Македонија до европската интеграција и развој. Но, со помош на режимот на Вучиќ, тој стана уште една жртва на амбициите на Русија да го врати своето влијание на Балканот.
* Насловот е на редакцијата