Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева се сретна со претставници на КЦ „Иван Михајлов“ од Битола
Поранешната прва дипломатка на Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева денеска се сретна со претседателот на Културен центар „Иван Михајлов“-Битола, Љупчо Ѓорѓиевски и членовите на Здружението, Благој Шаторов и Ѓорѓи Црномаров.
„Драго ми е што повторно се сретнав со моите добри пријатели Љупчо, Ѓорѓи и Благој од Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.
Разговаравме за тоа како бугарската држава може поцелосно да им помогне на луѓето со бугарски идентитет од другата страна на границата“, напиша на социјалната мрежа facebook Захариева.

