ЕДЕН ДЕН ПРЕД САМОУБИСТВОТО ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР БАРАЛ ПОМОШ ОД ЕУ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

/

Германија е во шок по смртта на министерот за финансии во покраината Хесен, Томас Шафер, кој во саботата си го одзеде животот.

Овој долгогодишен член на ЦДУ бил стабилна личност, одговорен и компетентен политичар кому му претстоел врв во кариерата. Премиерот на покраината Хесен, Вокер Бафер, го сметал за свој наследник, така што неговото самоубиство ги шокирало сите во јавноста, пренесуваат германските медиуми.

За тоа колку одговорно работел, сведочи и фактот што во петокот, еден ден пред неговата смрт, во Министерството за финансии во Хесен било подготвено соопштение за јавност, во кое Шафер ја повикува Европската комисија да донесе подобри мерки за спас на економијата во моменти на пандемија на коронавирусот. Ова соопштение им било испратено на медиумите во 10.59 часот во саботата, четириесет минути по пронаоѓањето на мртвото тело на Шафер.

„Франкфуртер Алгемајне цајтунг“ објави, повикувајќи се на полициски извори, дека Шафер оставил проштално писмо за кое нема повеќе детали.



Неговите најблиски соработници рекоа дека министерот изминатите недели бил под силен притисок поради економската криза, која е предизвикана од коронавирусот. Тој се грижел дали ќе може да одговори на предизвиците што се пред него и да не ги разочара граѓаните на Хесен, инаку една од најбогатите покраини во Германија, во која се наоѓа Франкфурт на Мајна, кој е финансиски центар на Германија.

Извор: Макфакс

Претходна статија

АРСЛАНИ: ЕДНА ЖЕНА ПОЧИНАЛА НА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО СТРУГА СЕ ИСПИТУВА ДАЛИ Е ОД КОВИД 19

Следна статија

(ВИДЕО)МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВЕЌЕ СЕ ВЕЕ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА БРИСЕЛ

Најново од Вести