АРСЛАНИ: ЕДНА ЖЕНА ПОЧИНАЛА НА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО СТРУГА СЕ ИСПИТУВА ДАЛИ Е ОД КОВИД 19

//

Една жена од Лабуништа , вчера попладнето починала на интерното одделение во Струга но се уште се испитува дали причината е КОВИД 19, односно посмортем е земен брис кој е на анализа, изјави за Телма заменик министерот за здравство Арменд Арслани.

Тој додаде дека таа веќе лежела на интерната клиника во Струга со други здрвствени проблеми, но се појавиле проблеми со респираторните органи, по што починала.



Две лица од Лабуништа вчера попладне се пренесени на Инфективмната клиника во Скопје. И за нив нема потврда дали биле заболени од корона вирус. Арслани најави дека денеска заседавало координативното тело за Струга и Охрид и тој присуствувал на состанокот и дополнително ќе се донесат мерки за постапување во Лабуништа каде се прави епидемиолошка анкета на оние кои биле во контакт со лицата кои покажувале симтоми на Ковид 19, а и со починатата соселанка.

Претходна статија

1842 ГРАЃАНИ ДОСЕГА СО ЛЕТОВИ ОД ВЛАДА СЕ ВРАТИЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ЕДЕН ДЕН ПРЕД САМОУБИСТВОТО ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР БАРАЛ ПОМОШ ОД ЕУ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести