| |

ЈОСИФОВСКА: ПОТПИШАВ ЗА ПАСОШОТ НА КАМЧЕВ ПО НАЛОГ НА ЈАНЕВА

Специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска за ТВ21 потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за да му се врати пасошот на осомничениот во случајот „Империја“, Орце Камчев.

Таа објаснува дека во отсуство на шефицата на СЈО, Катица Јанева, која била на одмор, таа ја заменувала и ги потпишувала сите документи.

Јосифовска потенцира дека мислењето за пасошот на Камчев била одлука на Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише.

Слични Објави