Г-ЃО ЈАНЕВА, ОСТАНЕТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕЏБИ И ХРИСТО ЌЕ ВИ ПРАВАТ ДРУШТВО

Богат денов…

Сите се јавија…

Е добро де, не баш сите, ги чекаме Пендаровски, Јово Вангеловски и… МАНУ. Се шегувам за МАНУ, тие нема што да се мешаат во овој бучкуруш, ама претседателот на државата и највеќе претседателот на Врховен суд не е лошо да напишат збор два околу „Рекетов“. Пендаровски, ако не сака да го споредуваат со Иванов треба да каже нешто, па макар и две реченици како премиеров. Сите помниме како го „јадеа“ Иванов затоа што уста не отвори, кога трештеа „бомбите“,  „за тоа на М“, „за динамитот“, „за ало началниче“, „за шамарите во центар“, „за лебот и чоколадото“ и „за Миле ми текна“. Вангеловски ќе треба да се потруди повеќе, ако е жешко, сигурно не штеди на клима на работа и дома.

Да видиме кој се не се јави денеска… Нема да терам хронолошки.

Се јави тој новинарот што ги објави „бомбите“. Ларис Гајзер ни порача дека ги објавувал „бомбите“ затоа што не сакал да ја гледа „Македонија понижена“. Кочи бате, за малце да ти поверувам, знам точно од каде ти поминува Македонија, така да, ако може без многу срцепарајучи полуции, сме ги слушале тие „патриотски“ флоскули од Мицко војвода. Не се интересни за луѓе со IQ поголемо од просекот за Македонија (82). Да ти кажам искрено колега, баш ме заболе тоа што зборат комуњарите дека си бил човек на Салвини и на Орбан. Заврши убава работа, те одбраа тебе продуцентите, живеј ги минутите слава, пошо гледам дека веќе си херој за пола Македонија. Од мене имаш респект за тоа, без тронка иронија. Само уште еднаш да те замолам, приказниве дека не си сакал да ја гледаш Македонија онаква каква што е сега, продавај ги на друго место.

Се јави Катица, на паузата меѓу две масирања глава на плажа, првата дама на СЈО во оставка најде време да ни каже дека е „фрапирана“ од тоа што го мешат нејзиното име во аферата… случајот де. Г-ѓо Јанева, Ви пуштам рака за тоа дека не рековте „овој запис е сечен лепен и монтиран“, ќе изгледавте глупо, како што изгледа и Златко Ориѓански кој го тврди токму тоа, ама нема кој да му го каже бидејќи сите што не мислат како него… дебилно, одамна му се блокирани „са фејса“. Вашето „убацување“ во муабетот на Боки и Орце би било ОК, ако пред него имаше едно „Кажи си и немој да се секираш, ќе биде се во ред“… ама „кажи си“ немаше, така да муабетов дека сте разговарале со осомничениот како обвинител за да извлечете повеќе информации, Ви паѓа во вода. Јас би Ве посоветувал да си останете во Грција. Таму се веќе Христо и Неџби, може грчките служби да ве сместат во нивна близина, па на раат да си раскажувате приказни за таа пуста Македонија, која ете беше тесна за вашите квалитети, професионализам и се со ред. Чат пат ќе можете да објавувате и статуси, како што прави Богот Гру. Нема да добивате илјадници лајкови и коментари, колку сте голема хероина и слично, но ќе бидете хит, Ве уверувам.

Се јави Мицко војвода, и во долгиот статус (нема од кој да види) објавен на неговата facebook страна, спомна дека Заев ја фалел Јанева. Така е! Заев од трибуната во Владата рече дека стои позади Катица, ама истото го рече и Груевски веднаш по нејзиниот избор, за прв човек на СЈО. Има видео како Груевски, се возхитува на „професионализмот и богатата биографија“ на Јанева. Ваљда тогаш не знаел за 6-ките во нејзината диплома, ама тоа се подразбира, сепак „острите пера“ на македонското истражувачко новинарство од „Курир“ и „(Н)имфомакс“, ја открија таа „чувена“ тајна маалце подоцна, кога стана „ин“ да се плука по Јанева. Многу ми е интересно како ќе ја донесете „обновата на Македонија“, кога сè уште не наоѓате сила, отворено да се разграничите од лошите потези на Вашиот почесен претседател во минатото. Тоа што веќе не ги играте Мирка и Миленко не е доволно.

Се јави и „синот“ Костадин, не, не оној од „Шумите буките“, оној другион од алиекспрес што е. Тој пак милиот постави еден куп прашања до Мицкоски, колку да се рече дека кажал нешто. Дали Мицко се состанал со некој во Будимпешта? Дали дал нешто на тој некој? Од каде тие сомнежи бе Коки? Случајно да не го следите Мицко, кога искача од државата? Пошо ако го следите, сте ебати бруката, треба ли да ве потсетувам дека Грујо ви избега од пред нос… или го пуштивте да си замине?

Се јави обвинителката Стефанова, таа побрза да си ги измие рацете со Катица и нормално да каже дека муабетов за „местото за стоматолошка ординација“ што го барала е без врска. Инаку дека Катица наредила да се пуштаат од притвор и да им се враќаат пасоши на осомничените во предметите на СЈО, е тоа е вистина. Тоа си е на место.

Се јави познатиот филантроп Чифлиганец, да ги потврди зборовите на Стефанова, ама се си мислам дека со набрзина скоцканиот демант: „Не сум зборел со Орце за никакви ординации“, меѓу редови ги потврдува сомнежите дека паѓале некакви договори.

Се јави Јовевски. Јавниот обвинител кажа дека никој од инволвираните во „Рекет“ нема да биде „поштеден“. Стефанова и Јанева например ќе бидат испрашани или сослушани. Ако Јанева се врати де, а ако не, Стефанова е тука, ама како што гледам на кај оди водата, за се ќе биде крива Катица, а другите ќе се прават на „аааа јас не сум од тука, само на помивување сум“.

Се јави Шекеринска. Таа беше децидна, веднаш откако се откри случајот двајцата осомничени се притворени, у стилот што барате повеќе? Ама во таа игра воопшто не изгледа дека се инволвирани само двајца. Но да не забораваме дека истрагата е во тек, таа би требало да покаже се.

Токму тоа го побара премиерот Заев во краткото писание, што го објави денеска во стил „првите чекори во квазипоезијата на Драган Таневски“. Граѓаните на Македонија заслужувале правда вели Заев. Изгледа мисли на истата правда што го амнестираше „вратарот“ Крсто, а го осуди „пишувачот на писма“ Јане Ченто. Ако тоа е правдата премиере што сме ја заслужиле… ебаси мајката како што велат браќата Бугари.

Се јави и Груби, да бе истиот Груби, што после ќотекот што го изедоа на Кале, децата, кои тргна по паметот на Тошо Мачорот, рече дека не го признавал македонскиот суд. Читам јас што вели Артан и се чудам, тоа со расветлувањето на случајот „Рекет“ треба веднаш да се случи или откако газда Нефи и кметот на Сарај Беџети „че го рушат на дивоградбите“ и ќе прекинат да се прават на ок типчиња, кои станале жртва на „политичка хајка“?!

Спојов мој демек краток, ама бајаги долг искочи, затоа ќе завршам тука… и така нема да биде повеќе кликан од веста дека го сликнале Боки во Шутка по кратки панталончиња.

Автор: Атанас Величков