| |

БУГАРИЈА НЕ Е САМО ПОЛИТИКАТА… БУГАРИЈА Е ВАЗОВ, БОТЕВ, ЈАВОРОВ

Деновиве се доста актуелни и зовриени социјалните мрежи, лично за мене, Бугарија не е само политиката, таа е и Борисовата градина, мирисот на липите во Софија, панорамата од Витоша, да го доживееш и видиш стариот град во Пловдив, да го осетиш и видиш духот и на Батак, Велинград, да се напиеш едно Бургаско со цаца и калмари во морската градина во Бургас, да ја видиш Варна во целата магија преку лето, да ги научиш Вазов, Ботев, Јаворов, Атанас Далчев и еден куп други, да ја прочиташ целата проза и поезија, да се поклониш пред достојните Ополченци, и да, да сонуваш за автопат, веќе 20 година го чекаме, и ЖП, туѓ меѓу свои… Можам да пишувам со денови и искрено се надевам дека денот кога ќе бидеме во ЕУ и НАТО заедно, социјалните мрежите ќе ги користиме да спориме за други, поубави работи а не да сме на сеир на душманите, а нив ги имаме многу, браќа се помалку, отруени сме ама многу со злоба и пропаганди… Со братска почит !

“Аз често виждам из градът,по всеки път и кръстопътна Македония чадата:от старци чак до младенци,все нови гости — бежанци —завареници на съдбата…“ Пейо Яворов.

Став на Александар Панев



Слични Објави