Бугарските европратеници контра Кос: Нема билатерален спор меѓу Бугарија и РС Македонија
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Бугарија и Северна Македонија „треба да започнат преговори и да најдат решение за билатералното прашање“ и ја понуди својата соработка. Изјавите на Кос предизвикаа реакција кај дел од бугарските европратеници.
Андреј Ковачев (ГЕРБ/ЕНП) ѝ одговори на Кос дека не станува збор за билатерален спор, туку за јасно утврдени обврски во Заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година и Преговарачката рамка. Тој ја обвини владата во Скопје дека го губи времето на граѓаните на Северна Македонија со тоа што одбива да ги исполни преземените обврски. „Многу добро знаете дека ова не е билатерален спор“, ѝ порача Ковачев директно на еврокомесарката.
Ивајло В’лчев (ЕКР/ИТН) пак изрази недоумица околу тоа како премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, толку брзо реагирал на негов писмен амандман во извештајот за напредокот на РСМ, подготвен од известувачот Томас Вајц. Според него, ова отвора прашања за транспарентноста и влијанието врз европските институции.
Станислав Стоjaнов од Преродба изјави дека „спорот“ не е само меѓу Софија и Скопје, туку меѓу целата Европска унија и Северна Македонија, поради тоа што Скопје не ги исполнува европските критериуми и потпишаните обврски.
