(ВИДЕО) НОЕВ: ТРЕТМАНОТ КОН БУГАРИТЕ ВО РС МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ СМЕНИ И ДА ПРЕКИНЕ ПРОЦЕСОТ СЕ ШТО Е БУГАРСКО ДА СЕ МЕНУВА ВО МАКЕДОНСКО
„Бугарија мора да ја дополни својата Рамковна позиција за преговорите на РС Македонија со ЕУ со експлицитни дополнителни текстови за правата на Бугарите и нивната недискриминација“ изјави Бојко Ноев, поранешен министер за одбрана и поранешен амбасадор на Бугарија во НАТО, којшто меѓу другото важи за близок до политичката формација „Демократска Бугарија“.
„Бугарите треба да бидат еднакви со сите други и да бидат наведени во Уставот на РСМ“, смета Ноев, додавајќи дека ако на пописот што претстои во РС Македонија бројот на Бугарите излезе по-мал од 120 илјади колку што се луѓето со бугарски државјанства, Бугарија треба да го постави прашањето зошто е тоа така.
Ноев појаснува дека тие луѓето со бугарски пасоши во Македонија не се гастербајтери во земјата и дека врз основ на документи за своето потекло ги добиле своите државјанства.
„Овие луѓе мора целосно да учествуваат во политичкиот и социјалниот живот на РСМ “, вели Ноев.
„Со децении, во Македонија се одвива процес на т.нар преродба против Бугарите. Овој процес мора да престане и третманот врз тие луѓе треба да се смени“, инсистира Бојко Ноев, повикувајќи се на уништените гробишта и споменици на културата, замената на сè што пишува дека е бугарско со македонско итн.
Според него, Софија мора да добие јасни гаранции дека овој процес ќе заврши и тогаш да преговара со Скопје.
