| |

ПОЧИНА АКАДЕМИК БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ-СИН НА ДИМИТАР ЃУЗЕЛОВ

По кратко боледување на 82 години почина академик Богомил Ѓузел, македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач.

Академик Ѓузел беше наш најзначаен преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. На македонски јазик во негов превод се достапни најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир. Освен тоа, Ѓузел е преведувач на изборите од поезијата на Т. С. Елиот, В. Х. Одн , Емили Дикинсон, Шејмас Хини и други, а е составувач и преведувач на Антологијата на современа американска поезија.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е избран на 4 јуни 2012 .

Академик Ѓузел е автор на повеќе од 230 библиографски единици, од кои триесетина се поетски збирки, над 90 единици се објавени песни во антологии, списанија, зборници и сл., 85 единици се преводи на дела од странски автори, 23 единици се прозно творештво, како и редакции и уредништва на антологии, зборници, списанија и сл.

Погребот ќе биде утре.

Академик Богомил Ѓузел е син на Димитар Ѓузелов е осуден и растрелан од комунистичката власт во Македонија заедно со Димитар Чкатров, како соработници на бугарскиот фашистички окупатор во 1945 г.

Димитар Ѓузелов е осуден на 20 години казна затвор во Скопскиот студентски процес од 1927 г. како дел од Македонската Младешка Тајна Револуционерна Организација (ММТРО), каде негов адвокат бил Анте Павелиќ, а застапник на обвинението бил убиениот од Мара Бунева, Велимир Прелиќ.

Димитар Ѓузелов бил директор на радио Скопје во периодот од 1942 до 1944 г.

Димитар Ѓузелов е автор на зборникот „Първите лъчи на свободата“ и на книгата „Жертвите на Скопския студентски процес“ издадени во Скопје во 1941 и во 1942 г.

Слични Објави