Универзитети од РС Македониja, Бугарија, Романија и Германија со заеднички проект за наставна програма за магистерски студии

//

Во Офенбург, Германија, се одржа првиот меѓународен состанок на партнерите во рамките на проектот „Ефикасност на ресурсите во производствените индустрии и севкупна оптимизација на системот“ (EREMI), бр. 2020-1-BG01-KA203-079076, во кој учествуваа партнери од четири земји (Бугарија, Романија, Северна Македонија, Германија): 4 универзитети кои нудат инженерско образование (Универзитет за прехранбена технологија – Пловдив, Политехничкиот универзитет во Букурешт, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет за применети науки Офенбург и BEIA Consult International ( Романија).

Во рамките на состанокот се разговараше за активностите на проектот поврзани со изработка на наставна програма за високо образование од образовно-квалификацискиот степен „магистер“, вклучително и 10 предмети на интердисциплинарната тема „Ефикасност на ресурсите во производствените индустрии и севкупната оптимизација на системот“.

На средбата се разговараше и за можноста за продолжување на проектот со цел создавање на специјалистичка настава за проблемите поврзани со ефикасноста на ресурсите во индустриските системи, целокупната оптимизација на системот преку примена на IoT технологии. Беа коментирани нормативните барања на секоја од земјите партнери во однос на обуката за програми издадени од повеќе универзитети и барањата за добивање диплома од повеќе од еден универзитет.



Според координаторот на проектот, проф. д-р Тања Титова – декан на Техничкиот факултет при УХТ-Пловдив, средбата одиграла важна улога во градењето на одржливо партнерство. Создадените наставни програми се целосно приспособени на барањата на индустријата што брзо се развива во економската зона Тракија. УХТ како членка на „Економската зона Кластер Тракија“ ја развива врската помеѓу бизнисот и образованието за создавање на потребниот квалификуван кадар.

Претходна статија

БНР: Како живеат Бугарите во Босилеград

Следна статија

УЈП: До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“

Најново од Вести