(ВИДЕО) КАРАКАЧАНОВ ОТКРИВА ЗОШТО ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ЗЕМААТ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВА

„Македонските влади не создадоа услови за нормален развој на своите граѓани, а создаваа само напнатост внатре во земјата. Прво го почнаа прогонот на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа беше конфликтот со Албанците, потоа скандалите со Грција и Бугарија и така 28 години. Поради таа причина еден дел од Бугарите во Македонија, доаѓаат и си земаат бугарски државјанства “, изјави во емисијата на БТВ „Оваа недела“, вицепремиерот и министер на одбраната на Република Бугарија Красимир Каракачанов.

Во однос на ветото за Македонија од бугарска страна Каракачанов е дециден дека Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање на спорните билатерални прашања.

„Скопје нема желба да ги реши  овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат“, вели Каракачанов.

Според него, Бугарија јавно изјавила дека поддршката за ЕУ лежи во спроведувањето на договорот за добрососедство, кој беше потпишан пред три години. Овој договор не е спроведен, категоричен е Каракачанов.