СОВЕТНИК НА СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: АКО ВЛАДИТЕ НЕ НАПРАВАТ СЕ’ ШТО Е НЕОПХДНО НЕ’ ЧЕКА ТРЕТ БРАН

Специјалниот советник за Ковид-19 на Светската здравствена организација, д-р Давид Набaро предупреди на трет бран на пандемијата на коронавирус во Европа на почетокот на 2021 година.

Тоа според д-р Набaро ќе се случи доколку владите пропуштат да направат се’ што е неопходно, како што беше случај пред вториот бран.

Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат запрени.