|

Курти со рекорден број гласови: познат составот на новиот парламент на Косово

По завршувањето на пребројувањето на гласовите, речиси една недела по вонредните парламентарни избори во Косово, стана јасно кои ќе бидат 120-те нови пратеници во парламентот, јавува БГНЕС.

Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти ќе располага со 56 пратенички места, по што следуваат Демократската партија на Косово со 23, Демократскиот сојуз на Косово со 15, „Српска листа“ со 9 и Алијансата за иднината на Косово со 6 места.

Централната изборна комисија (ЦИК) во саботата ( 03.01.2026 г.) го заврши пребројувањето на преференцијалните гласови за кандидатите за пратеници. На изборите учествуваа околу 45% од речиси 2 милиони граѓани со право на глас.

Самиот Курти постави нов рекорд, станувајќи политичар со најмногу освоени гласови (355.248) во историјата на Косово. Тој го подобри сопствениот рекорд од редовните избори на 9 февруари, кога беше поддржан од 337.791 избирач. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на претседателката Вјоса Османи со 300.756 гласови.



Слични Објави