|

Николас Мадуро префрлен во Њујорк, го очекува судење за трговија со дрога и оружје

Авионот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес пристигнал на воената база на Националната гарда Стјуарт во Њујорк, објави Си-Ен-Ен, пренесува БГНЕС.

Се очекува венецуелскиот лидер следната недела да се појави пред федералниот суд во Менхетен, каде што ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје.

Двајцата сопружници биле извлечени од својата спална соба за време на сеопфатна операција на американските воени сили во Каракас, спроведена во текот на минатата ноќ.

Министерството за правда на САД на 3 јануари го декласифицираше новото обвинение против Мадуро, како и против неговата сопруга и нивниот син.



Слични Објави