| |

Четворица од повредените во Кочани, кои се лекуваат во „Пирогов“, денеска ќе бидат отпуштени од болницата

Четворица пациенти од Република Северна Македонија, кои се лекуваа во болницата „Пирогов“ во Софија, денес ќе ja напуштат болницата, јавува БГНЕС. Според информациите, пациентите ќе останат уште неколку дена во Бугарија за да се следи нивната здравствена состојба.

Директорката на Клиниката за изгореници и пластичка хирургија проф. д-р Маја Аргирова вчера изјави пред бугарските медиуми дека, болницата „Пирогов“ има преземено обврска за нивната рехабилитација во текот на наредните две години.



Слични Објави