Светски познатата британска историчарка и авторка на документарци Бетани Хјуз ја посети архивата на БТА, ќе снима документарец за Софија
Британската историчарка и документаристка Бетани Хјуз ја посети Бугарска телеграфска агенција (БТА), каде што се запозна со нејзините архиви во рамки на подготовките за нов документарен филм за Софија, јавува БТА.
Таа беше пречекана од генералниот директор Кирил В’лчев, кој ѝ ги претстави архивските фондови и процесот на дигитализација.
„Архивите на БТА се многу импресивни“, изјави Хјуз, додавајќи дека „цел еден час ќе треба да биде посветен на нив во нов филм“. Нејзиниот тим планира да ги користи материјалите во идни проекти.
В’лчев истакна дека БТА ќе обезбеди целосна поддршка, нагласувајќи дека станува збор за „најмодернaта архива во Бугарија и најголемата новинарска архива во земјата“. Хјуз го пофали постигнувањето, оценувајќи дека целосната дигитализација на архив со повеќе од 100 години историја е „навистина извонредна“.
