Бугарија меѓу земјите со најевтини горива во ЕУ
Бугарија останува меѓу земјите во Европската унија со најниски цени на дизел и бензин, покажуваат податоци цитирани од БГНЕС.
Според статистиката до 30 март 2026 година, земјата е на второ место во ЕУ и по евтин дизел и по бензин Euro-super 95, веднаш по Малта, каде цените се најниски.
Просечната цена на дизел во Бугарија изнесува 1,62 евра за литар, наспроти просекот во ЕУ од 2,08 евра. Кај бензинот, цената е 1,44 евра за литар, додека европскиот просек е 1,87 евра.
Највисоки цени на дизел се регистрирани во Холандија (2,46 евра), а сличен тренд има и кај бензинот, каде повторно Холандија е најскапа со 2,33 евра за литар.
Во регионот, Грција останува меѓу земјите со најскап бензин (2,05 евра), додека во Романија цената е 1,82 евра, под просекот на ЕУ.
Од крајот на февруари до почетокот на април, поради конфликтот на Блискиот Исток, цените на горивата во ЕУ пораснале за околу 14% кај бензинот и 30% кај дизелот.
Голем дел од цената ја сочинуваат даноците – 52,1% кај бензинот и 44,6% кај дизелот, при што Бугарија има најнизок даночен удел кај бензинот (43,9%).
