| |

Агнеса Руси Поповска оди во Бугарија, а Фрчкоски ќе биде амбасадор во ОН

Дипломатката од кариера Агнеса Руси Поповска ќе биде новата амбасадорка на РС Македонија во Бугарија. Универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни и внатрешни работи на РС Македонија Љубомир Д. Фрчкоски, не успеа да стане амбасадор на РС Македонија во САД, ќе биде амбасадор на земјата во ОН.

„По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори:

– Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија

– Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада

– Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.

Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24. Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи, напиша на социјалната мрежа Facebook шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Слични Објави