Одбележуваме 157 години од раѓањето на бугарскиот офицер и револуционер на ВМОРО Христо Чернопеев
Чернјо Пеев (Христо Чернопеев) е роден на 16 јули 1868 година во селото Дерманци, Ловешко. Завршил училиште во Плевен, а војничката кариера ја започнал во бугарската армија. Под влијание на Борис Сарафов се приклучил кон македоно-одринското револуционерно движење и станал еден од основачите на Тајното офицерско братство во Бугарија.
Во 1899 година заминал за Солун, каде четири месеци обучувал членови на ВМОРО. Потоа се приклучил кон четата на Михаил Попето, кој му го дал прекарот Чернопеев. Од 1900 година станал самостоен војвода, со чета што дејствувала во Кукушко, обучувајќи нови револуционери.
Во 1901 година, неговата чета водела 14-часовна борба со османлиските сили кај селото Бајалци – првата голема битка меѓу организацијата и турската војска, при што бил ранет.
Чернопеев бил активен учесник во Илинденско-Преображенското востание во 1903 година. Во 1908 година по Младотурската револуција се легализирал и се населил во Солун, а неговата чета учествувала во гасењето на контрапревратот во Цариград. Подоцна бил меѓу основачите на Народната федеративна партија (Бугарска секција).
Подоцна ги прекинува контактите со Сандански и го обвинува во соработка со младотурците. Соработува активно со Тодор Александров, Петар Чаулев и ген. Александар Протогеров.
За време на балканските војни раководел чета во Македоно-одринското ополчение, учествувал во ослободувањето на Банско, Мехомија, Кавала и Драма, и бил одликуван со Орден „За храброст“.
Бил избран за пратеник во бугарскиот парламент, но го напушта по влезот на Бугарија во Првата светска војна. За време на самата војна е командир на чета во 11. македонска дивизија, на Македоно-одринското ополчение. Загинал во борба со француски трупи кај село Криволак на 6 ноември 1915 година.
Бил погребан дворот на црквата Успение на Света Богородица штипско Ново Село. По доаѓањето на власт на комунистите во СР Македонија неговиот гроб е уништен.
