Бугарскиот државен ансамбл „Филип Кутев“ одбележува 75 години со турнеја, изложба и сопствена линија производи
Бугарскиот државен фолклорен ансамбл „Филип Кутев“ (ДФА) ја одбележува својата 75-годишнина со национална турнеja, изложба на сценски костими и сопствена марка производи, соопшти за БТА директорот на ансамблот Георги Андреев.
„Основната цел на јубилејните иницијативи е оддавање почит на бугарската фолклорна традиција, нејзина промоција и зачувување, како и проширувањето на публиката и привлекувањето млади луѓе“, изјави Андреев.
Јубилејниот спектакл „Циклус“ ќе гостува низ целата земја, со прв концерт во Габрово на 25 февруари. Турнеjaта продолжува во Трговиште, Шумен, Велико Трново, Бургас, Петрич, Враца, Хасково и Крџали, а најзначајниот концерт ќе се одржи на 3 мај во НДК.
Програмата вклучува класични и нови дела, како и музичко-танцови интерпретации поврзани со традиционални празници и обичаи.
Во почетокот на мај ќе биде отворена изложба на сценски костими во соработка со Институтот за етнологија и фолклористика при БАН. „Некои од овие костими се навистина исклучително вредни и за првпат ќе бидат претставени на изложба“, истакна Андреев.
Ансамблот планира и образовни концерти во училиштата со цел приближување до младата публика. „Достигнувањето до младата публика е инвестиција во иднината на ансамблот“, рече тој.
Дополнително, ДФА ќе лансира сопствена линија производи – маици, чаши, чанти и аксесоари со логото и визуелниот идентитет на ансамблот.

