Илиев: Бугарите во РС Македонија очекуваат решителна акција од нас, за гарантирање на нивното достоинство и човекови права
„Не би ме изненадило, ако голем дел од Бугарите во Северна Македонија се исплашиле да се изјаснат за својот идентитет за време на пописот, бидејќи знаат дека во текот на годините имало терор и геноцид врз Бугарите“, ова во емисијата 12+3 на Бугарското национално радио го изјави младиот бугарски историчар и уредник за меѓународна политика во dividend.bg Кирил Илиев.
Според него, пред да се решат проблемите со правата на Бугарите и отворените историски прашања, ќе биде тешко да се каже дека се е во ред:
„Бугарите во РС Македонија очекуваат решителна акција од нас, за гарантирање на нивното достоинство и човекови права. Прво треба да ги решиме големите прашања што не разделуваат, а потоа да се фокусираме на малите работи“, вели Илиев.