| | |

Моќен говор на Зеленски во ОН: Нуклеарна Русија го турка светот во конечна војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера одржа важен говор пред светските лидери на Генералното собрание на ОН.

„Не може да му се верува на злото“, рече Зеленски во говорот и го повика светот да се обедини за да стави крај на руската агресија врз неговата земја.

Во страсниот говор во Њујорк, Зеленски рече дека Русија, која е вооружена со нуклеарно оружје, мора да престане „да го турка светот во последната војна“. Тој, исто така, ја обвини Русија дека сè, од храна до енергија, претвора во оружје. Руската инвазија на Украина, да потсетиме, предизвика широко распространета осуда од огромното мнозинство земји во светот.

„Русија нема право да поседува нуклеарно оружје“

Во говорот кој во голема мера се фокусираше на опасноста што Русија ја претставува за светот, тој тврдеше дека другите заеднички предизвици, како што се климатските промени, можат соодветно да се решат само штом Москва ќе биде потисната.

„Додека Русија го турка светот во конечна војна, Украина прави се за да се осигура дека по рускиот напад, никој во светот нема да се осмели повторно да нападне која било нација“, им рече Зеленски на светските лидери кои присуствуваа на годишното Генерално собрание.

Тој, исто така, рече дека Русија едноставно „нема право да чува нуклеарно оружје“ и додаде: „Вооружувањето мора да се ограничи, воените злосторства да се казнат, депортираните луѓе да се вратат дома, а окупаторот да се врати во својата земја“.

Слични Објави