Габриел: Бугарија, Грција, Романија и Хрватска можат да придонесат за стабилноста и развојот на Југоисточна Европа
Како дел од ЕУ и НАТО, Бугарија, Грција, Романија и Хрватска можат да придонесат за стабилноста и развојот на Југоисточна Европа, изјави вчера вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, пред нејзината средба со министрите за надворешни работи на трите балкански земји во седиштето на ОН.
„Затоа, нашата главна цел е да го привлечеме внимание за потребата од развој на коридорот Југ-Север. Тоа значи инфраструктура, значи енергетска безбедност и диверзификација. Тоа значи инвестиции во поврзување, во иновации“, додаде таа.
Габриел се сретна и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Молдавија, Нику Попеску. Бугарија ја поддржува европската интеграција на Молдавија, лично ми беше важно да ја поздравам како асоцијативна земја во иницијативата „Три мориња“, рече Габриел.


