| |

Украински семејства и пензионери од дом за стари лица заедно го одбележаа почетокот на Божикните празници во Пловдив

Украински семејства и пензионери што живеат сами заедно го одбележаа почетокот на Божикните празници во поранешната Белодробна болница во Пловдив, јавува БНТ. За оние што бегаат од војната, местото се претвори во втор дом. А од пролетва, поради реновирање на општинскиот дом за стари лица „Св. Василиј Велики“, таму се сместени и неговите штитеници.

Со божиќен базар, креативни работилници, специјални фото-зони и подготовка на слатки – така започнаа божиќните празници во Втори дом за бегалците од Украина.

Кулинарски и музички изненадувања имаше и за повозрасните луѓе, сместени на четвртиот кат од зградата на поранешната Белодробна болница.

Украинските семејства и возрасните од Домот „Св. Василиј Велики“ се заедно не само за празниците.

„Мојата мајка исто така е со мене и таа си најде пријателки од четвртиот кат и сите заедно ги гледаат децата. – Тука имате многу баби? – Да, секако, имаме многу баби кои не им се роднини на сите деца, но сепак сите сме заедно.“, вели Марина Дешка од Украина.



Слични Објави